Сме објавувале фотографии од различни цртежи врз човечко тело, но оние кои ќе ги видите подолу имаат многу оригинален пристап.
Она што ги разликува од секој друг бодиарт е тоа што тие светат под црни светла.
Џон Поплетон е човекот кој ја создава серијата “Black Light Bodyscapes” – прекрасни пејзажи на облиците на човечкото тело.
Дел од сликите се нацртани врз неколку тела и формираат целосна сцена. Тој користи специјална флуоресцентна боја, а за да може да ги наслика истите, работи во сосема затемнето студио.
Не знаеме како би изгледале овие пејзажи на обична светлина, но на црно осветлување истите се повеќе од импресивни. Да ги разгледаме.