Ријана била невообичаено покриена и елегантна за промена- и за добра цел.
26-годишната пејачка своето стилско присуство го направи како претседавач на првиот Дијаманстски бал во Беверли Хилс.
Ријана била обвиткана во розев сатенски фустан без прерамки, и ракави на рацете.
Иако ова е пријатно грациозен и нов изглед за неа, Ријана се уште успева да покаже деколте акцентиран со блескавио црвен камен и дијамантски ѓердан.
Тетоважата на нејзината рака бича украсена со пурпурна нараквица, додека темно црвениот кармин го нагласил драматичниот ефект на цртите. А долгата заврзена коса пуштена наназад, само го дополни тој ефект.
Настанот служи во корист на нејзината Фондација Клара Лионел, која „работи на подобрување на квалитетот на животот на заедниците на глобално ниво во областа на здравјето, образованието, уметноста и културата“, како што наведува нејзиниот веб-сајт.