Благодарение на споредбите Карлеуша стигна до американска телевизија

За Јелена Карлеуша се зборуваше во американската емисија „The Wendy Williams Show“.

Откако целиот свет го дозна нејзиното име, бидејќи неодамна ја обвини старлетата Ким Кардашијан дека и го копира стајлингот, нејзиниот лик се појави и на американска телевизија.

Прочитај повеќе: Ким е копија на Карлеуша?

Водителката ја исмеа Карлеуша нарекувајќи ја „Уште една ѕвезда на која Ким и го краде стајлингот“.

„Ким Кардашијан украден стајлинг на уште една личност. Нејзиното име е Јелена Карлеуша и таа тврди дека Ким го искористила нејзиниот изглед. Имаме и докази. Таа е српска поп ѕвезда, со музика се занимава 20 години и таа е српската Лејди Гага. Карлеуша редовно објавува свои фотографии на Инстаграм“, рекла водителката.

- Реклама -