Приватноста е валута. За секоја компанија која ги продава нашите информации за профит, постои уште една компанија која ви гарантира поголема безбедност и сигурност на вашите податоци. Така, една група од различни компании се здружија за да понудат нешто ново – Blackphone.
Најавен уште во почетокот на оваа година, Blackphone е всушност Android смартфон чии приоритети се приватност и безбедност, заштитувајќи ги вашите податоци од најразличните оператори, рекламни агенции, огласувачи и малициозни софтвери кои би можеле да ги разменуваат вашите лични податоци и приватни информации заради профит.
Како функционира Blackphone? Идејата е мошне едноставна – започнувате со мошне убаво дизајниран и одлично специфициран Android телефон, а тогаш го опремувате со неколку тестирани и испробани услуги и апликации кои функционираат беспрекорно. Првото ниво е прилагодливиот интерфејс кој се нарекува “PrivatOS” и му дава на телефонот различен изглед, но во исто време функционира и како платформа.
Teкстот е објавен во соработка со Socailnet.mk