Еден тинејџер е мртов, а други двајца се повредени по престрелка во трговски центар во Алабама, САД, кој вонредно работел до полноќ во очи на Black Friday шопингот.
Пукањето се случило околу 21:30 часот во четвртокот вечерта во Riverchase Galleria.
Кавгата меѓу двајцата тинејџери резултирала со оружена пресметка. Едниот од нив избегал но бил пресретнат од двајца полицајци, пружил отпор и бил застрелан и убиен на лице место.
Другиот тинејџер, 18-годишната жртва, има најмалку една прострелна рана и е во сериозна состојба.
Во пукањето настрадало и 12-годишно девојче кое било погодено од куршум и однесено во болница од противпожаникарската спасувачка единица. Ѝ била направена операција и не е во животна опасност.
Сведоците велат дека чуле/виделе вкупно околу 10 истрели, пренесува Independent.