Бизнисот со GIF анимации: Некогаш и сега

GIF-овите постојат уште од 80-тите, а за сето време додека имаше гифови, имаше и компании што пробуваа да профитираат од нив.

Така на пример, подкастот Reply All зборува за историјата на Animation Factory – вебсајт што продуцираше и продаваше анимирани GIF-ови во ’90-тите и раните 2000-ти. Помини малку време на вебсајтот на Animation Factory и ќе останеш прилично збунет. Има повеќе од 500.000 анимирани GIF-ови, од кои голем дел се прилично многу бизарни и тешко е да се замисли зошто воопшто постојат.

Но, се чини, во доцните ’90-ти и раните 2000-ти, овие анимирани гифови беа профитабилен бизнис. Во тоа време, немаше професионални дизајн стандарди (шаблони, templates), па луѓето користеа GIF анимации како дизајн елементи со кои ги декорираа своите сајтови.

Како што минуваше време, интернетот се подобри, а се појавија и блоговите со стандардизирани дизајн шаблони. GIF-овите ја изгубија својата улога на дизајн елементи, но тоа не ги спречи луѓето да ги создаваат. Сега ги правеа од постоечки видео содржини, користејќи ги како форма на изразување и хумор, наместо како алатка за дизајн. Сајтовите како Tumblr и Reddit го забрзаа ширењето на GIF ренесансата, дозволувајќи им на луѓето да собираат, да споделуваат и да пребаруваат GIF-ови.

Веројатно еден од најдобрите GIF мешап-и.

Не помина долго пред да се појави уште еден бран од компании што пробаа да профитираат од овој обновен интерес кон GIF анимациите. Giphy – најголемиот од новите GIF стартапи, подигна повеќе од 100 милиони долари и профитира од сé уште растечката експанзија на GIF-овите. Giphy е GIF пребарувач, а и tech product компанија која работи на тоа да им олесни на луѓето да праќаат и примаат GIF-ови на речиси секоја платформа на комуникација. Целта е GIF-от да се направи достапен и неговата употреба во комуникацијата – природна. Сајтот е сé уште во предфзата на профитирање, но крајната цел е партнерство со брендовите, создавајќи GIF-ови од содржините на одреден бренд и правејќи ги достапни до корисници кои потенцијално би им ги пратиле овие брендирани GIF-ови на пријателите и семејството.

На пример, GIF од Зек Браф како прави одредена фацијална експресија, во еден момент тебе ќе ти биде потребна во онлајн разговорот, а Hulu (телевизијата зад шоуто Scrubs во кое глуми Зек Браф) на тоа гледа како на промоција за својата серија. Таквата емотивна врска на корисникот со брендираната содржина е нешто за што компаниите се спремни да платат многу пари.

braff

Тешко е да се каже колку долго ќе трае овој нов бум на GIF анимациите. Но ако се суди по вложениот капитал и со тоа довербата на инвеститорите, лесно е да се заклучи дека GIF економијата ја чека солидна иднина. Giphy, на пример, се проценува на 300 милиони долари и добива 150 уникатни кориснички посети секој месец. По сé изгледа, GIF-овите немаат намера да си одат, барем не во догледно време.

- Реклама -