Верувале или не, бројот на мажите во салоните за убавина во Лондон се зголемува,а за тоа е виновен филмот “Волкот од Волстрит” пишува Daily Mail. Веќе е задолжително за бизнисмените да посетуваат фризер и третмани за лице пред бизнис средба.
Во филмот со Леонардо ДиКаприо протагонистот Џордан Белфорт секогаш има беспрекорна фризура и се повеќе мажи – бизнисмени го имитираат во тоа. И не станува збор само за источен Лондон, кој што е полн со хипстери.
Во цела Велика Британија дури и кај нискобуџетните салони, после филмот забележан е голем раст на посети на мажи. Претходно мажите бараа професионалци пред само формални настани како на пример, свадби. Но денес тие одат кај професионалец пред бизнис состанок или средба со дама, аклучува весникот.