Сте се запрашале некогаш колку долго можете да издржите без да одите во веце? „Човек не е свесен што сé може да издржи“, викаат, а истото важи и по однос на поставеното прашање. Додуша, тоа не значи дека ќе биде пријатно.
Едно време имало еден неименуван човек кој страдал од конгенитален аганглионичен мегаколон – познат како Хиршспрунгова болест (Hirschsprung). Тоа е кога нервните клетки во дебелото црево не се развиваат правилно, што доведува до тешко движење на „отпадот“.
Во случајов на неименуваниов момак, според Медицинскиот колеџ на Филаделфија, се работело за генерално здраво бебе, со исклучок на големиот абдомен и извесен степен на запек. Работите значително се влошиле кога бебето наполнило година и пол.
Растејќи, детево страдало од сериозни напади на запек, а неговиот абдомен потекол до сериозно неприродна големина. На возраст од 16 години, тинејџерот редовно одел во тоалет дури само еднаш месечно. Иако докторите знаеле дека се работи за проблем со цревото, операцијата тогаш била многу ризична – зборуваме за 1890-тите години.
Како што обично бивале нештата тогаш, наместо да добие помош, 20-годишниот момак завршил на изложба во таканаречен „dime“ музеј, каде луѓето плаќале за да го видат и го нарекувале „човекот балон“ (гледате на сликите зошто).
Починал на свои 29 години. Бил најден мртов во тоалет, додека се обидувал да се олесни.
По неговата смрт, хирурзите му го отстраниле дебелото црево. Испаднало дека содржи 18 килограми фецес, а во најпотечениот дел имало дијаметар од 76 сантиметри!
Ако од некоја си причина сакате да го видите, денес е изложено во Mütter Museum во Филаделфија.
За среќа, благодарение на напредокот на медицината, Хиршспрунговата болест веќе не е фатална. Всушност, не многу одамна имаше многу сличен случај со еден 22-годишен Кинез, кој беше опериран и сега веројатно веќе е опоравен. Што му извадија прочитајте ТУКА. Сепак, овој во Кина беше вонреден случај; денес Хиршспрунговата болест се октрива и третира многу рано.