Бизарен календар: Голи девојки рекламираат кофчези

Едно погребно претпријатие во Полска успеа со својот промотивен календар да ја шокира јавноста. Имено, на фотографиите кои наидоа на осуда од многумина, се прикажани разголени секси девојки кои провокативно лежат над кофчези за мртовци.

Сепак, и не е се така црно. Наводно, фирмата „Линдер“ планира целата заработка од контроверзниот календар да ја подари во доброотворни цели.

Ова е петти пат во низа во кој компанијата прави комбинација од секси модели и сандаци. На нивната интернет страница пишува дека тие оваа година „и се враќаат на природата, изразувајќи ја совршената хармонија од природно дрво, сино море, зелени полјани богати со цвеќе, и убавината на женското тело“.

1142 274 350

[youtube]http://youtu.be/gaeZaCa77AE[/youtube]

- Реклама -