BitTorrent е компанија која што стои зад развојот на познатите Torrent клиенти BitTorrent и uTorrent.
Оваа компанија го има купено uTorrent клиентот, на чија основа продолжува да го развива и нивниот клиент. Компанијата развива уште неколку производи кои што се темелат на BitTorrent протоколот, односно на peer-to-peer комуникација која што вклучува директна комуникација помеѓу два клиенти без потреба од користење на сервери. Ваквиот начин на комуникација потенцијално може да овозможи сигурна и приватна комуникација помеѓу корисниците која што би била тешка за пресретнување.
Оваа недела BitTorrent ја претставија Bleep, апликација за пораки која што е базирана на BitTorrent протоколот. Тоа значи дека комуникацијата со контактите се одвива директно, без сервери низ кои што би требала истата да помине. Апликацијата на почетокот ќе биде достапна за корисниците на Windows 7 и 8, но од компанијата најавуваат проширување на достапноста и на другите платформи.
Bleep моментално е во пред-алфа верзија, што значи дека е во рана фаза од развојот. Корисниците може да ја пробаат апликацијата, меѓутоа потребно е да бидат поканети за истото преку следниот линк. За користење на апликација може ќе може да се користи телефонски број, email адреса, како и инкогнито начин на најавување преку кој што не оставате никакви лични информации. Апликацијата може да се користи за испраќање на пораки и правење на видео повици, со онлајн контактите како што нагласуваат од BitTorrent, односно во почетокот нема да бидат можни офлајн пораки.
Од BitTorrent даваат неколку ситуации во кои што ваков тип на апликации би можеле да ја најдат својата примена соодветно на карактеристиките, па така Bleep е погодна за користење во следните ситуации:
Тајни разговори со вашите пријатели.
Комуникација на новинарите со своите извори, без ризик од откривање на нивниот идентитет, како и содржината на разговорите.
Членовите на дипломатските претставништва.
Бизнис комуникација која што треба да остане тајна.