Битолскиот Хамлет победник на 51- от ИНФАНТ Фестивал во Нови Сад

Жирито на 51. Интернационален Фестивал на иновативен театар -ИНФАНТ во Нови Сад, во состав Јована Балашевиќ актерка, Јелена Радовиќ сценографката и актерот Милован Филиповиќ, едногласно ја прогласија претставата “Хамлет денот на убиството” во изведба на Народниот Тетатар Битола за најдобра претствата на фестивалот, објави Битолскиот театар.

„Едноставност и прецизност на режисерската постапка, изедначена и силна изведба на ансамблот, визуелно и музички имагинативно,концизно и конкретно. Сето тоа го прави Битолскиот Хамлета комплетна и вредна представа, во духот и традицијата на овој фестивал“ се вели во образложението на жирито за наградата.

Во претставата по текст на Колтес во режија на Марјан Неќак играат актерите Никола Стефанов, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли и Викторија Степановска Јанкуловска.

Овогодинешната театарска ревија, која беше во избор на режисерот Александар Поповски, собра претстави од регионот со цел да ги прикаже аспирациите и движењата на алтернативната и современа театарска продукција во овој дел од Европа.

На 51 ИНФАНАТ беа изведени претставите „Сирано“ на Југословенскиот драмски театар, претставата „Хамлет – денот на убиството“ на Народниот театар од Битола и претставата „Збиља“ во изведба на Хрватскиот народен театар од Загреб

- Реклама -