Битолчанецот што го врати Сонцето на брусените шахти, на интервју со маица „Време е Заев да си е** мајката“ (ВИДЕО)

Битолчанецот Горан Божиновски, кој деновиве се прослави како човекот кој „го врати Сонцето од Кутлеш“ на избрусените шахти, на онлајн интервју за ТВ „Алфа“ се појави во маица со фотографија од шахта со ликот на премиерот Зоран Заев. Под сликата од шахтата, на маицата на битолчанецот стоеше натпис со мешавина од кирилични и грчки букви, со порака: „Време е да си е*и мајката“ .

Како што рече Божиновски во интервјуто, на таквиот герила потег се решил бидејќи бил револтиран од тоа што се дало приоритет на брусењето на шахтите, што, според него, требало да биде последно на листата на проблеми за решавање во државава.

Божиновски додаде и дека акцијата ја извел сам, „интервенирајќи“ на преку 100 шахти, со златен спреј од 200-300 денари што сам си го купил. Според него, никој не се обидел да го спречи, туку напротив, луѓе се собирале околу него и ракоплескале и го поздравувале потегот. Божиновски смета и дека никому не згрешил, но подготвен е да биде гонет, вели, ако така решат властите. ИНТЕРВЈУТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА.

 

- Реклама -