Bitcoin руши рекорди, минута молк за лузерите

Во 2013-та, еден Британец по име Џејмс Ховелс очајно пребаруваше низ бескрајниот куп ѓубре на една депонија во јужен Велс. Се надеваше дека ќе го најде USB стикот што некогаш претходно го имаше џитосано во неповрат. Тоа претходно беше години порано, кога Ховелс имаше купено дел од дигиталната криптовалута Bitcoin. Во моментот кога сфатил што направил, Bitcoin-ите на usb стикот вределе 7.5 милиони долари. Ховелс никогаш не го најде фрленото богатство.

Неделава во Австралија има слична приказна. Австралиецот фрлил USB стик со фајл со 4.8 милиони долари вредни Bitcoini, според денешниот курс, откако ги купил пред неколку години за само 25 долари. Во моментот на купување, 1 BTC вредел 1.5 американски центи. Денес 1 BTC вреди околу 2.500 долари.

Иако се трагични, овие приказни не се ретки кога се зборува за подемот на дигиталните валути во минатата декада. Во 2015-та, британскиот The Telegraph процени дека се фрлени и изгубени Bitcoin-и во вредност од 980 милиони долари, што е страшно со оглед дека валутата е дизајнирана за да биде ограничена (нема штампање нови, како со парите). Оттогаш цената расте како луда.

Приказните за лузери што си ги прокоцкале Bitcoin-ите повторно добиваат на популарност бидејќи вредноста на криптовалутата поставува all-time рекорди на берзите. Досега годинава, цената порасна за повеќе од дупло. Валутата е позната по тоа што е многу подвижна, а тоа се гледа и сега. Во четвртокот вечерта падна за 6.5 проценти – на 2,263.72 долари, за само по кратко време да се врати – и тоа до нов рекорд од $2,791.70 долари по 1 BTC. Моменталниот курс можете да го следите тука.

Coinbase, најголемата компанија за размена на Bitcoin во светот, која оперира во 32 земји, вели дека активноста на платформата покажува досега „невиден сообраќај и трговија“.

Па, ако сте од тие што рано влегоа во играта и се опарија – секоја чест. Сé друго е достојно за жалење. Особено „лузерите“ – тие што имаа, ама сега немаат.

- Реклама -