Биолуминисцентниот залив во Порторико

svetlecki_zalivБиолуминисцентниот залив се наоѓа на островот Виекес во Порторико. Во секои три литри од плитката вода има околу 720,000 фосфоресцентни едноклеточни организми кои светат кога се вонемирени. Овој природен феномен го прави пливањето во заливот уникатно искуство.

Биолуминисцентниот залив се наоѓа на островот Виекес во Порторико. Во секои три литри од плитката вода има околу 720,000 фосфоресцентни едноклеточни организми кои светат кога се вонемирени. Овој природен феномен го прави пливањето во заливот уникатно искуство.

biolady

Луминисценцијата е предизвикана од микрорганизмите (динофлагелати) кои светат секогаш кога водата ќе се разбранува и кои зад себе оставаат трага од неонско сина светлина. Постојат неколку фактори заради кои овој залив го носи епитетот „најсветол на светот“, а едни од нив се плитката вода и дрвјата ризофора, кои растат покрај брегот и кои допринесуваат за концентрацијата на бактерии во водата, а кои се основниот извор на храна за микроорганизмите. Имено, динофлагелатите се хранат со паднатите листови од црвените дрва ризофора кои растат околу заливот.

sju53333-3g

Патувањето во заливот е магично искуство, а пливањето е како да се плови во светлина со сино-зелена нијанса секогаш кога ќе се направи  некакво движење. Во заливот може да се плови со кајак навечер и да се гледа како тој остава осветлена трага зад себе како што се движи.

sju53333-4g

Концентрацијата на малите динофлагелати е толку голема што овој залив е единствен таков во светот.  За жал ова магично место денес е загрозено.  Загадувањето, експлоатацијата на околното земјиште и уништувањето на дрвјата ризофора претставуваат опасност за опстанокот на овие мали фосфоресцентни суштества.  Локалните туристички агенции се трудат да го спасат заливот со тоа што донираат дел од својата заработка за да го заштитат ова природно богатство и да ги едуцираат луѓето за неговата убавина и важност.

sju53333-2g

sju53333-1g
[The Top 10 Coolest Places In The World To Take A Dip]

- Реклама -