Од овој четврток(03.09) не очекуваат премиери на две нови филмови во кино Милениум.
Во терминот за европски филм во 13 часот, ќе може да го гледате британскиот „Тонско Студио Барбериан“, а во терминот од 22.30 премиерно ќе се прикаже филмот „Дијана“, најновата биографска драма за една од најконтроверзните личности од британската историја, принцезата Дијана.
И секако, на репертоарот останува македонскиот „Соба со Пијано“, а продуцентот Скопје Филм Студио и кино Милениум Ви нудат ретка и единствена можност. Имено, во текот на целата следна недела, во терминот од 17.30 часот, филмските вљубеници ќе имаат можност да го гледаат најновиот македонски филмски продукт по цена од само 100 денари.
Дијана (Diana)
Режија: Oliver Hirschbiegel
Улоги: Naomi Watts, Naveen Andrews, Douglas Hodge
Траење на филмот: ‘113
Жанр: Драма, Биографски, Романса
Земја: Велика Британија / Франција / Белгија
Филмот е биографска сторија за животот на најпознатата и една од најконтроверзните личности од Британската кралска историја, принцезата Дијана. Со статус на поп-ѕвезда, Дијана презема многу ризичен чекор во последните две години од животот, таа е во тајна(јавна) љубовна врска со пакистанскиот кардиохирург Хасант Кан.
Тонско Студио Барбериан (Barberian sound studio)
Режија: Peter Strickland
Улоги: Toby Jones, Antonio Mancino, Guido Adorni
Траење на филмот: ’92
Жанр: Драма, хорор, трилер
Земја: Велика Британија
Работата на еден инжинер на звук за италјанско хорор студио, станува застрашувачки случај на живот што имитира уметност.