Bing со нова опција за визуелно пребарување

bing-visual1.jpg Деновите кога пребарувачите обезбедуваа само текстуални информации со листа од 10 плави линкови кои оставаат на вас да ги пронајдете одговорите му припаѓаат на минатото. Пребарувачите сега се фокусирани на издвојувањето на корисните информации од веб страниците на нови поинтересни начини.


Деновите кога пребарувачите обезбедуваа само текстуални информации со листа од 10 плави линкови кои оставаат на вас да ги пронајдете одговорите му припаѓаат на минатото. Пребарувачите сега се фокусирани на издвојувањето на корисните информации од веб страниците на нови поинтересни начини.

bing-visual.jpg

Во јуни оваа година Google го лансираше Squared, опција која ги прикажуваше резулатите од пребарувањето во табели. На пр. доколку вашиот термин за пребарување е dog breeds резулатите ќе бидат листа со раси на кучиња, слики, информации за просечната тежина и земја на потекло.

Bing, пребарувачот на Microsoft, лансира слична опција за пребарување – visual search. Сè уште е во демо верзија и потребна е апликацијата Siverlight за да се користи, но оваа новина од Мајкрософт изгледа поимпресивно од Google Squared. Најверојатно затоа што Microsoft го изгради интерфејсот концентрирајќи се на визуелното т.е. сликите и нивните карактеристики за да го рафинира пребарувањето.

Visual Search ви овозможува брзо да пребарувате низ галериите и да го рафинирате пребарувањето само со еден клик со помош на табовите од левата страна. Така полесно може да се дојде до конкретните нешта кои ве интересираат.

Визуелните галерии на Bing се поисполирани од резулатите кои се добиваат преку Google Squared, меѓутоа галериите сè уште се ограничени на мал број на пребарувачки термини (како „popular TV shows“ или „world leaders“). Останува да видиме дали Microsoft ќе успее да ја прошири оваа опција за визуелно пребарување за резултатите од секое пребарување. Сега-засега, можете да ги пробате демо галериите.

bing-visual-2.jpg

- Реклама -