Билборд во чест на Мендела, ама со слика на Морган Фримен

Иако го глумеше Мендела во филмот Invictus од 2009-тата, тоа не е оправдување да го помешате Морган Фримен со самиот Мадиба лично.

Ама индиски бизнисмен го помеша. Тој инстантно стана предмет на потсмев, откако финансираше билборд во чест на јужно-африканскиот лидер, на кој стои фотографија од Морган Фримен.

5168504-3x2-700x467[1]

„Треба да сме горди што сме дел од ера во која тие живееја“, пишува на билбордот во Тамил Наду. Иако ова дефинитивно важи и за Мендела и за Фримен, бизнисменот немал таква намера. Тој објасни дека не знаел дека настанала таква грешка и вети дека сликата ќе биде сменета со онаа вистинската на Мендела. Се разбира, за целата збрка го обвини дизајнерот на билбордот.

Сепак, Индиецот не е единствен. Многу Американци (познати по своето незнаење), ја искористија можноста преку разни медиуми да ја изразат својата тага што загубија голем лидер со одлични актерски способности. Еве, на пример, на Мари од Сан Франциско посебно и се допаднала глумата во The Shawshank Redemption.

Во меѓувреме, на интернет кружи наводен твит на Морган Фримен. Вистински или не, треба да постои.

220175[1]

- Реклама -