Биљали: Да, Заев е цунами!

Пишува Мерсел Биљали, за „Либертас“

Сиромашно сирaче дете, видно огладнето, свратило до една куќа за да побара што и да е за јадење. Но, штом на вратата се појавила жена со жесток поглед, тоа се уплашило и побарало само чаша вода. Но, жената приметила дека детето е многу гладно, па наместо вода му донесла голема чаша со млеко. „Жалам, ама немам со што да ви платам“ срамежливо прговорило сиротото дете. „Нема потреба, мајката нѐ подучила дека добрините не треба да се наплаќаат„ – одговорила жената.

После многу години, младата жена тешко се разболела. Никаков лек не и помогнал. Па морале да ја однесат во главната трансилваниска болница кај познатиот доктор Howard Kelly. Тој со екипата го направил невозможното и ја спасил жената. Но, жената сега знаела дека доживотно ќе треба да работи за да ги покрие огромните болнички трошоци. Кога ѝ ја донеле сметката, на ќошот на хартиајта пишувало – „платено со полна чаша млеко“. Тажните солзи станале солзи радосници.

Оваа тажно-среќна приказна, ме потсеќа на нашиот актуелен политички амбиент кога на ептен сирота и сиромашна држава и е потребна чаша млеко, а некои упорно настојуваат животот да го третираат како нешто што е полошо од смртта. Не убедуваат дека првин треба повеќе пати да умреме за потоа да поживееме. Едните помагаат, а други настојуваат сирачето да го навредуваат и понижуваат. Со кратки умови и долги ножеви сакаат да не убедат дека е гордост при бистра вода да се умира од жед. Нели самите „детето“ го доведоа до греота. Му го уништија животниот сон, за да создадат нивен живот од соништата. И сега наместо капка од вистина, ни нудат река од лаги.

Договорот од агол на интересите на државата е над максимално од очекуваното. Се отстапува една компонента, а се добиваат три. Отстапка за географската одредница (Северна), а се добиваат три (Македонија, јазик, нација). И најголемите оптимисти не го очекуваа тоа. Грижата за малцинството и да не постои во Уставот, е начело на меѓународното право… Целата колумна прочитајте ја ТУКА.

- Реклама -