Бил Гејтс ќе контролира дали ќе имате деца преку далечински управувач

Бил Гејтс веќе некое време е меѓу главните промотори на идејата за контрола на наталитетот. Но, не само што ја проповеда, туку и делува. Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, на големо експериментира со неверојатен микрочип за спречување на бременоста, што ќе функционира на далечинско управување. Чипот ќе се вградува во внатрешноста на човечкото тело и ќе трае подолго од било која моментално достапна метода за контрацепција.

http://2.bp.blogspot.com/-HL7djKzxKjk/U7rXURFrzjI/AAAAAAAAGUo/iIWkuM5ggmU/s1600/Bill-Gates1.jpg

MicroCHIPS, организацијата спонзорирана од Фондацијата Гејтс и задолжена за изработка на чипот, веќе 2 години напорно работи на задачата – која е идеја лично на Бил Гејтс. Имплантот ќе ослободува 30 микрограми левоноргестрел дневно, на точни интервали, по сигнал добиен од батеријата во внатрешноста на направата.

Корисниците на микро-чипот кои ќе решат дека сакаат да имаат бебе, ќе имаат можност да ја уклучуваат и исклучуваат без потреба да отидат на доктор, бидејќи самите доктори ќе бидат оние што ќе можат да ја контролираат дозата на хормонот ослободен во нивните пациенти, преку далечинско управување. Вие само ќе треба да им се јавите (и можеби да поминете низ куп процедури или да добиете дозвола од владата).

microchip_2967897b

Чипот ќе има рок на траење од 16 години (што е неспоредливо подолго од денешните методи), и ќе биде достапен од 2018-тата. Главната пречка што ја забавува имплементацијата на микрочипот во човечките животи е безбедноста – тимот сеуште работи на програмирање на сигурен код што ќе спречи хакирање на направата, како од трети лица, така и од страна на самите корисници кои ќе решат да ги земат работите во свои раце и самостојно да го исклучат чипот.

- Реклама -