Бикини што исчезнува

Повеќе...На прв поглед ова бикини воопшто не се разликува од останатите, се додека жената која го носи не влезе во вода. После неколку секунди бикинито потполно исчезнува, а девојката која го носела останува комплетно гола и засрамена.


Една германска компанија на пазарот го понуди својот инвентивен продукт – бикини кое исчезнува кога ќе се натопи со вода.

1249015859986.jpg

Овој костим за капење исчезнува во буквална смисла на зборот, растопувајќи се во водата и оставајќи ја жената која го носи комплетно гола и засрамена. Бикинито во црна боја на прв поглед воопшто не се разликува од останатите. Единствената разлика е што е направено од материјал кој комплетно се стопува после неколку секунди во вода.

Со името „Get Naked Bikini“, овој продукт се рекламира како ултимативна форма на одмазда за момчињата кои скоро добиле корпа. Бикинито ги разбесни групите за женски права, чии гласноговорнички изјавија дека е „апсолутна навреда кон жените што вакво нешто воопшто е измислено.“

- Реклама -