Обожавателите на Јелена Карлеуша и Сека Алексиќ се обидуваат да го следат секој работен и приватен продукт од своите миленици, но во последно време им прават вистинска маркетинг кампања.
Откако пред неколку години познатиот блогер Перез Хилтон ја обвини Карлеуша дека го копира стилот на светската пејачка Лејди Гага, обожавателите на Јелена Карлеуша со сите сили се обиделе да ги демантираат овие тврдења. Дури направиле и видео во кое ги споредиле нив две, и во кое секако, Лејди Гага ја имитира Карлеуша.
Пред неколку недели, исто така Бијонсе ја „имитирала“ Јелена кога во новиот спот носела црвен костим со лента која Ј.К. го носела дури во април, на промоцијата на песната „Ферари“.
Денес од паралелниот универзум пристигна и веста дека Бијонсе го ископирала не само стилот на облекување на Сека Алексиќ, туку и фризурата. Токму кога помисливме дека Сека Алексиќ конечно ја напуштиле духовите од Ријана и Ким Кардашиан, ете ја неа со Бијонсе.
Судејќи според фановите на српските пејачки, Лејди Гага и Бијонсе не прават ништо друго по цел ден, освен што ги гледаат настапите и фотографиите од естрадата на овој регион. Аххх…..