Бијонсе ја прослави годишнината од брак со нова песна (ВИДЕО)

Пејачката дива Бијонсе го објави новиот спот за песната „Die With You“ со која ја прослави седмата годишнина од бракот со Џеј Зи.

Спотот премиерно беше прикажан на „Tidal“, новата музичка платформа на која Бијонсе е ко-сопственик, и која веќе собра неколку големи имиња од музичката сцена, како Канје Вест, Ашер, Ријана, Ники Минаж.

Tidal за сега е достапен само за САД, Велика Британија и уште неколку држави, а месечната претплата за новиот сервис, кој се рекламира како „првата глобална музичка платформа во сопственост на уметниците“, изнесува 19,99 долари за звук со висок квалитет и 9,99 долари за звук со стандарден квалитет.

Спотот за песната „Die With you“ може да го погледнете тука:

- Реклама -