Се чини дека долгоочекуваниот филм „The Great Gatsby“ со себе носи многу изненадувања.
Покрај талентираниот Леонардо ДиКаприо, костимите со потпис на Prada и саундтракот на кој работеше Џеј Зи, во овој величенствен филм ќе имаме прилика да слушнеме интересна обработка на песната „Back to black“ на Ејми Вајнхаус.
Како што објави „E!“, Бијонсе и познатиот рапер Андре 3000 се здружиле и направиле обработка на хитот на Вајнхаус.
„Ова е сосема поинаква верзија на песната „Back to black““, изјавил портпаролот на Бијонсе.
Едвај чекаме да го слушнеме!