Состојки:
Пандишпан 1:
Брашно 500 гр.
Пециво
Шеќер 12 супени лажици
Ванилин шеќер 5 кесички
Какао 2 супени лажици
Пудинг од чоколада
Презла 100 гр.
Чоколадни лушпи (по желба)
Чоколада за готвење (растопена) 100 гр. + кора од портокал
Масло 100 мл.
Кокосово млеко во прав (по желба) растворено со 500 мл. вода
Сок од портокал
Прелив од јагода
Пандишпан 2:
Брашно 500 гр.
Пециво
Шеќер 12 супени лажици
Ванилин шеќер 6-7 кесички
Пудинг од ванила
Кокос 100 гр. (по желба)
Кокосово млеко во прав 4-5 супени лажици
Презла 100 гр.
Масло 100 мл.
Кокосово млеко во прав (по желба) растворено со 500 мл. вода
Прелив од јагода
Фил 1:
3 Пудинзи од чоколада
bi.jpg
Шеќер 10 супени лажици
Ванилин шеќер
Кокосово млеко во прав 10 супени лажици
Вода 800 мл.
Чоколада за готвење 200 гр.
Маргарин
Шеќер во прав 250 гр.
Фил 2:
3 Пудинзи од ванила
Шеќер 10 супени лажици
Ванилин шеќер
Кокосово млеко во прав 10 супени лажици
Вода 800 мл.
Кокос 100 гр. (по желба)
Маргарин
Шеќер во прав 250 гр.
Начин на подготовка:
Се мешаат сите состојки за пандишпанот (без преливот од јагода и сокот од портокал), смесата се става во плех и се пече на температура од 180-200 С. Истото се прави и со вториот пандишпан.
Во 600 мл. вода го додаваме кокосовото млеко и шеќерот и се ставаат на оган. Кога ќе почне да врие, се додава пудингот од ванила, претходно изматен во 200 мл. вода, се додава и ванилин шеќер. Пудингот се вари со постојано мешање, додека да стане густ. Во пудингот по желба му се додава кокос. Маргаринот се мати со шеќерот во прав и со матење му се додава изладениот пудинг.
На ист начин се прави и чоколадниот пудинг и откако ќе се тргне од оган му се додава и чоколадата за готвење, додека е сѐ уште врел. Кога ќе се излади, му се додава на претходно изматениот маргарин.
Првиот пандишпан се полева со сок од портокал, се премачкува со прелив од јагода, па се филува со чоколаден пудинг, врз него се става вториот пандишпан, кој исто така се премачкува со прелив од јагода и потоа се филува со ванила пудинг. Се поросува со кокос!
Рецептот е од кујната на манастирот Св. Јован Бигорски