Биг Бен ќе биде преименуван во Кулата на Елизабета

Британскиот парламент денес ќе објави дека кулата во која е сместен Биг Бен и официјално ќе биде преименувана во „Кулата на Елизабета“ во чест на шест децениското владеење на кралицата.

Дејвид Камерон, Ник Клег и Ед Милибанд се највисоките функционери кои ја подржале предложената промена за оддавање на оваа чест на кралицата. Извори од парламентот велат дека идејата била дискутирана и било решено да биде одобрена.

Четириаголната кула на спротивната страна од палатата Вестминстер (зградата на парламентот) која претходно била позната како Кулата на Кралот, била преименувана во Кулата на Викторија во чест на Кралицата Викторија, пра-прабабата на Елизабета и единствениот друг монарх кој достингал дијамантски јубилеј.

Предлогот бил контроверзен бидејќи многумина не ја разбрале идејата, мислејќи дека Биг Бен – познатото ѕвоно сместено во кулата – ќе биде преименувано. Кулата висока 96 метри стана еден од најпрепознатливите симболи на Лондон и Обединетото Кралство. Парламентот прифаќа дека кулата и понатаму ќе остане колоквијално позната како Биг Бен но велат дека кулата би требало да биде трајно преименувана во чест на Кралицата.

Од четириесет и еден монарх кој седел на тронот на Англија и Обединетот Кралство, од Вилијам освојувачот во 11 век до Елизабета, само Елизабета и нејзината пра-прабаба Викторија успеале да го достигнат дијамантскиот јубилеј.

- Реклама -