Биеналната изложба на графики „Кумановски графичари 2024“

Биеналната изложба на графики „Кумановски графичари 2024“ ќе биде отворена денес во 19:30 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Изложбата содржи 22 графики во повеќе техники, изработени во последните неколку години од академските графичари: Александар Стефановски, Валентина Илијевска, Зоран Јакимовски, Милена Арсовска, Мирослава Цветковиќ, Симона Јакимовска, Стефан Анчевски, Стефан Јакимовски, Тања Соларска-Темелковски и Ханифе Ислами.

- Реклама -