Бидете дел од „Вода“

film-vНа територијата на Република Македонија во периодот јуни – јули 2006 ќе се
снима краткометражен дипломски филм со тематика моменти од животот на една
стара жена. Режисерката
Габриела Илијеска воедно бара волонтери кои ќе и помогнат да ја оствари својата замисла. Доколку имате познавања од фотографија, тон, или пак сте баба на возраст од 65-75, односно дете до 5 год., кликајте веднаш.

 

film-v

 

На територијата на Република Македонија во периодот јуни – јули 2006 ќе се
снима краткометражен дипломски филм со тематика моменти од животот на една
стара жена, опфаќајќи универзални мотиви за човечката ранливост, старост,
осаменост, носталгија, смрт. Филмот, практично е приказна за нејзиното минато и
сеќавања. Во него ќе има минимум дијалог, а приказната се раскажува низ поетски
слики.

 

Режисер на краткометражниот филм е Габриела Илијеска апсолвент на филмска
режија и монтажа на престижниот Универзитет
“SVA” – School
of Visual Arts од Њујорк. За време
на своето школување Габриела има направено неколку краткометражни филма:
Reflection in Black” , “The
Way you Are”, “Collage”, “Off Sight” , “Cast of Shadows” and “Strings”, како и два музички спота. Сите нејзини
проекции се презентирани на пошироката јавност во
NYC, преку академски филмски проекции.

 

“Вода” е работен наслов на филмот што се планира да се снима на
територијата на Република Македонија и истиот ќе биде со нејзино сценарио и
режија, а ќе се презентира како нејзин дипломски филм на Универзитетот “SVA” во
Њујорк во 2007 година.

Филмот исто така
ќе се прикажува на различни фестивали во
NYC и пошироко низ Соединетите Американски Држави.

 

За потребите на оваа филмска проекција потребни се луѓе што имаат познавања
во следните области и сакаат да работат волонтерски:

  • Директор на фотографија
  • Тон мајстор
  • За главна улога жена 65-75 години
  • За споредна улога дете на возраст од
    5 години (машко)

 

    Кандидатите може да се студенти, со некакво предходно искуство во бараните
области. Работата ќе биде волонтерска без надомест, со обезбедено сместување,
превоз и оброк за време на снимањето, бидејќи финансирањето го прави самата
режисерка. Локација на снимањето ќе биде околината на Охрид. Кандидатите што ќе
работат и потпомагаат во снимањето на филмот се стекнуваат со можност за
промовирање на своите способности и талент во конкретните области, на
пошироката јавност во САД, бидејќи филмот ќе биде прикажан на неколку фестивали
во Њујорк во 2007 година.

 

Сите
заинтересирани кандидати кои имаат желба да учествуваат во овој филмски проект,
може да испратат своја кратка биографија во која ќе ги наведат проектите во кои
работеле, како и искуството во бараните области, на следната
email адреса: fairygroundpictures@gmail.com

- Реклама -