Бидете чесни – Големиот Брат ве гледа

Прочитај повеќе...Луѓето повеќе донираат пари и повеќе ги почитуваат правилата кога стојат пред слика со очи кои зјапаат во нив. Истражувачите на човечкото однесување откриле дека луѓето повеќе донираат доброволни прилози во кутии над кои стојат постери со очи кои гледаат во нив, отколку слики со цвеќиња. Повеќе од една година полицијата во New Castle во Велика Британија благодарејќи на оваа информација се бори со криминалот. Изненадувачки е дека тоа дава резултати.

posterЛуѓето повеќе донираат пари и повеќе ги почитуваат правилата кога стојат пред слика со очи кои зјапаат во нив. Истражувачите на човечкото однесување откриле дека луѓето повеќе донираат доброволни прилози во кутии над кои стојат постери со очи кои гледаат во нив, отколку слики со цвеќиња. Повеќе од една година полицијата во New Castle во Велика Британија благодарејќи на оваа информација се бори со криминалот. Изненадувачки е дека тоа дава резултати.

Полицијата дизајнирала постери во стилот на Големиот Брат со очи кои гледаат во луѓето со цел да ги направи „повеќе чесни“. Полицијата во New Castle тврди дека кражбите се намалиле за 17% откако постерите се нашле на улиците.

Истражувачите одговараат на тоа дека нашите мозоци се програмирани да реагираат на очи или лица кои гледаат во нас, без разлика дали ние сме свесни за тоа или не. Тие тврдат дека нивните истражувања сугерираат дека луѓето се помалку себични ако чувствуваат дека се гледани, а ова може да се одрази врз мноштво други сфери од реалниот живот.

- Реклама -