„Долгата сала” во библиотеката на колеџот Тринти (град Даблин, Ирска) е основана во 1732 година. Огромната просторија е со должина од 65 метри и содржи околу 200 илјади книги.
Библиотеката е најголемата во Ирска и содржи многу вредни старопечатни книги и средновековни ракописи.
Меѓу нив е познатата Book of Kells создадена околу 800 година.