Би имале ли храброст да се качите на оваа планина?

Планината Хуа Шан во Кина е едно од најопасните и најстрашните места за искачување во светот, но, благодарение на момците од DNM List, ова искуство сега можат да го почувствуваат и оние најплашливите.

Поставувајќи ја камерата на својата глава, креаторот на ова видео ни приредува необично чувство на доживување на целата акција од лична перспектива.

Патеките до планината Хуа Шан вклучуваат стрмни скали, вертикални искачувања, а една штица на патеката се состои само од дрвени платформи прицврстени на високите карпи.

Поради големата навала на туристи, локалните власти зацврстија дел од патеките, но тие и понатаму носат репутација на смртоносни.

Всушност, иако не постојат официјални статистики, некои велат дека бројот на загинати изнесува околу стотина планинари годишно.

- Реклама -