Високите карпи на планината Тјанмен, кои се дел од шумскиот национален парк Чангџијаџи, по една работа значително се разликуваат од сличните, вртоглаво високи и стрмни карпи во светот.
Имено, со оглед на тоа што овој парк во кинеската провинција Хунан претставуваше вистинска туристичка атракција, одговорните власти за негова полесна проодност решија да изградат стаклен тротоар долг 60 метри.
Необичниот пат се наоѓа на висина од 1.430 метри и пуштен е во употреба пред речиси три години. Благодарение на неговата изградба, пределот со секој изминат ден добива се поголема популарност меѓу авантуристите и љубителите на природата.
Освен шеесетметарскиот стаклен тротоар, високата планина нуди 11 километри пат направен од разни материјали, најчесто поставен покрај стрмните рабови, како и прекрасни природни убавини, меѓу кои и таканаречената „Рајска порта“.