Православен свештеник од Русија ја згрози јавноста, што во Русија, што низ светот, откако на друштвените мрежи се прошири видео од неконтролирано грубата крштевка по која бебето останало со модрици, како што тврди мајката.
По обелоденувањето на снимката и пријавата на родителите во полиција, попот Василиј Нечепоренко е суспендиран на повеќе од една година.
Инцидентот се случил минатиот викенд во градот Гатчин, на околу 40 км од Санкт Петербург.
Според православната традиција, за да биде крстено детето мора три пати да се потопи во осветената вода. Попов очигледно тоа го сфатил премногу сериозно.