Бездомник со неверојатен радио глас (видео)

Бездомник со ангелски гласНа една крстосница во Америка, стои бездомник со знак во раката, на кој пишува дека Господ му дарил прекрасен радио глас, но нема каде да го искористи. На минувачите им кажува по нешто, во замена за нивните ситни пари…

{youtube}uTysXITBCmk{/youtube}
Бездомникот се вика Тед Вилијамс. Уште од мал бил фасциниран од радио водителите, зашто не изгледале онака како што звучеле. Кога го сфатил тоа, посакал и самиот да стане радио водител. Некое време го школувал својот глас, а потоа и започнал да го остварува својот сон. Оттогаш, се случиле повеќе нешта. Тој започнал да користи дрога и алкохол, ја загубил работата и домот. Но, некако успеал да се оттргне од пороците и веќе две години е чист.

За многу кусо време, Тед Вилијамс доби втора шанса…

- Реклама -