Безболни инјекции

bezbolni_injekcii_iОваа информација ќе ги израдува луѓето кои чувствуваат голем страв од игли. Имено, тим на истражувачи од универзитетот во Северна Каролина со техника на полимеризација успеа да развие игли кои се толку тенки што пациентите нема да чувствуваат кога ќе се пробиваат низ кожата. Одеднаш пеницилинска терапија од две недели и не звучи толку страшно.


injection290706_420x600Оваа информација ќе ги израдува луѓето кои чувствуваат голем страв од
игли. Имено, тим на истражувачи од универзитетот во Северна Каролина со
техника на полимеризација успеа да развие игли кои се толку тенки што
пациентите нема да чувствуваат кога ќе се пробиваат низ кожата. Одеднаш
пеницилинска терапија од две недели и не звучи толку страшно.

Иглите се изработени од керамички хибридни материјали, а ќе можат да се користат за земање крв од пациентите и за спроведување лекови во нивните тела како и стандардните игли.

До скоро најзначајниот продукт на ова поле развиен од страна на биомедицинските инженери беа иглите од не’рѓосувачки челик и титаниум кои во контакт со кожа се сепак лесно кршливи. За разлика од нив, новите микро керамички игли се некршливи, а можат да се изработуваат и во повеќе различни големини и дебелини.

Безболното инјектирање звучи навистина добро, но веројатно ќе помине некое време додека наидеме на медицинска сестра со ваква игла во рака. Дотогаш, држете се понастрана од игли.

- Реклама -