Без мака, ама со Нутела

Нутелата е подобро заблажување, сладоледот е подобро освежување. Ние нескромно бираме – и двете заедно. Ваквиот совршен домашен сладолед не е ракетна наука. Сé што ви треба е:

– 125 гр. Нутела/крем по избор
– 125 мл. млеко
– 3 банани

Сето тоа го ставате во блендер, добиената смеса ја ставате во калапи, во калапите ставате стапчиња, полните калапи ги ставате во замрзнувачот, а по неколку часа сладоледот го сместувате во стомакот. Наздравје!

 

- Реклама -