Ако им успеа на Iron Man, Тор и The Hulk, мора да им успее и на Бетмен, Супермен и Wonder Woman, нели? Warner Bros. Pictures верува во тоа. Студиото веќе вработило писател за создавање на “Justice League” на DC Comics филм.
Исто како што “The Avengers” ги собра најголемите херои од Marvel Comics во “Justice League” најпознатите ликови од DC ќе се соберат да го спасат светот. Фактот што “The Avengers” стана филмот со трета најголема заработка со 1,3 милијарди само ја поттикна идејата да се создаде филм и за другиот тим суперхерои.
Вил Биал, кој го напишал сценариото за “Gangster Squad” (со Рајан Гослинг и Џош Бролин) за Warner Bros. добил задача да го состави сценариото. Биал претходно пишувал за ТВ серијата “Castle” и бил најавен и како писател за новата верзија на “Logan’s Run” и “Lethal Weapon 5.”
Иако рекордниот успех на “The Avengers” го поттикна интересот за “Justice League” проектот постои веќе неколку години. Режисерот Џорџ Милер (“Mad Max”, “Happy Feet”) бил ангажиран за проектот во 2007 и било планирано да се почне со снимање следната година со премиера во 2009 година. Оригиналниот план бил да се состави нова актерска екипа за филмот да се оддели од веќе постоечките серии.
За разлика од “The Avengers” каде што актерите од сериите ги зачуваа своите улоги, овој филм би немал ниту еден од оригиналните актери (значи без Кристијан Бејл како Бетмен). При првиот обид била составена помлада група актери, Арми Хамер (“The Social Network”) бил планиран како Бетмен, Д.Џ. Котрона како Супермен, Адам Броди како Flash и Меган Гејл како Wonder Woman. [‘Justice League’ movie hopes to finally bring Batman and Superman together on screen]