Бетмен: Нека му каже некој на Заев дека кога школката ќе се отвори, умира

„’Македонија сега била отворена школка.’ – Нека му каже некој дека кога школката ќе се отвори – умира“, му порача Богдан Илиевски (Бетмен Велит) на премиерот Зоран Заев.

На денешната прослава во Градскиот парк на „Школка“ даде поетска изјава премиерот Зоран Заев каде што нашата држава ја споредува со школка:

Дваесет и осум години после независноста оваа наша земја која наликуваше на затворена школка конечно се отвора пред Европа и светот и добива можност да ја покаже својата вредност. Македонскиот бисер од школката почнува силно да сјае. Од држава со многу проблеми и лоши односи со сите соседи сега сме позитивен пример модел што другите сакат да го следат, гордост европска.“

- Реклама -