Soni соопшти дека во март 2016 година ќе престане да ги произведува Betamax касетите.
Тоа значи дека прочуената видео касета ќе престане да постои после четири децении.
Компанијата наведува дека кон крајот на Бета најмногу допринело преминувањето на телевизискиот сигнал од аналоген на дигитален.
Betamax започнаа да се произведуваат во 1975 година, но веќе следната година конкурентската компанија JVC започна со производство на касети во VHS формат, кои наскоро ја престигнаа популарноста на Бета. Иако квалитетот на сликата на Бета беше подобар, фактот дека на VHS можеше да собере материјал од три часа, а на Бета само еден, како и тоа што VHS беше поевтин, доведе до економска победа на VHS.
Иако VHS го превзема првото место, тоа траеше додека подоцна го замени DVD.