Кевин Ричардсон од Јужна Африка, по професија е психолог и зоолог, а е еден од најбестрашните луѓе кои сме ги сретнале на Интернет просторот.Верувале или не тој јаде, пие, спие, па и игра фудбал со лавовите.
Денес Кевин има 39 години, а започнал дружба со лавовите кога имал само 23.
Тој вели дека е целосно потпрен на својата интуиција во однос на оваа чудна дружба.
Кевин е познат под прекарот „Скротувач на лавови“.