Бесплатни електронски изданија на македонски јазик

ebook_introЗа сите оние кои што сакаат да најдат македонски електронски изданија за проза, поезија, драма и други литературни творби, конечно можеме да ги исполниме нивните желби преку презентацијата на две интернет страници кои се создадени токму за верните читатели.

blesok

За сите оние кои што сакаат да најдат македонски електронски изданија
за проза, поезија, драма и други литературни творби, конечно можеме да
ги исполниме нивните желби преку презентацијата на две интернет
страници кои се создадени токму за верните читатели.

Првата веб страна е во сопственост на културната установа „Блесок“, која во март 1998 година ни го претстави и првото македонско електронско списание „Блесок – литература и други уметнсти“. Моментално располага со архива од 153 е-книги која постојано се надополнува.

Вториот наш предлог е македонскиот „огранок“ на Creative Commons. Засега располага со само 5, што не значи и дека ќе остане на тоа.

creative_commons
За крај можеме само да Ви напоменеме дека се залагаме за заштита на авторските права, но исто така и за бесплатното симнување, што не значи дека горенаведените веб страни се нелегални. Ваше е без грижа на совест уште денес да почнете со симнувањето македонските е-книги, и секако, да ги прочитате.

- Реклама -