Дали сакате да живеете вечно? Дали сте дел од Списокот на Милијардери на Forbes? Епа тогаш ова е токму за вас.
Дмитри Ицков и тим врвни научници од Русија сакаат да создадат бесмртност кај луѓето. Тие го нарекле проектот Иницијатива 2045, и планираат да создадат функционален холографски аватар со вештачки мозок кој ќе биде исполнет со вашите мисли, страсти, стравови, мислења, емоции и спомени. На овој начин целата ваша свест – и најверојатно потсвест – би можеле да продолжат да живеат. Нивниот план е проектот да биде завршен до 2045 година.
Етапите на проетктот се прикажани во сликата и да, Ицков и неговите колеги се комплетно сериозни. Единствениот проблем засега е недостиг на финансии. „Чесни бизнисмени, членови на списокот на најбогати на Forbes: човечкиот живот е уникатен и бесценет“ пишал Ицков во отворено писмо до 1226-те најбогати луѓе на планетава.
„Само кога мораме да бидеме разделени од животот сфаќаме колку работи не сме завршиле, немаме време да го правиме она што сакаме или да ги поправиме нашите грешки. Ве молам да ја разберете важноста на финансирање на научен развој во областа на кибернетичка бесмртност и вештачки тела. Ваквото истражување ќе има потенцијал да ве ослободи вас, како и мнозинството од луѓето на нашата планета, од болести, старост и дури и смрт.“ [Russian mogul promises immortality by 2045]