Бесмисленоста на паничното трупање намирници излегува на површина: Кантите преполни со храна со поминат рок (ФОТКИ)

Како што поминува времето од првиот бран на паника поради коронавирусот, кој ги натера луѓето панично да трупаат влажни марамчиња, тоалетна, но и прехранбени намирници, толку повидливи стануваат последиците и бесмисленоста од таквото трупање на апокалиптични залихи. А стануваат видливи, секако, токму преку отпадот.

Друштвените мрежи се преплавени со фотографии на кои канти за ѓубре се преполни со овошје, зеленчук и леб со поминат рок. Повеќето од овие фотографии доаѓаат од Велика Британија, што е иронично, затоа што оваа земја токму допрва се соочува со коронавирусот, бележејќи во просек по над 2.500 новозаболени и по околу 200 смртни случаи дневно (според Worldometers, во моментов вкупниот број на дијагностицирани со Ковид-19 во Велика Британија е 22.141, бројот на смртни случаи е 1.408, а излечени се 135).

Леб, кифли, банани, пилешко… Се само дел од „асортиманот“ намирници кои беа масовно купувани, а не дочекаа да бидат искористени, посебно што кризата се одразува и на економски план и многумина ќе бидат доведени во ситуација да трпат за храна.

„Себични идиоти“, „Што не е во ред со луѓето во оваа земја?“, „Зошто некој би фрлал неотворени конзерви, тука има бар десетина такви?“ и „Кои се овие луѓе? Бесна сум“, се само дел од коментарите на Британците на друштвените мрежи.

Дека не се работи само за индивидуални примери, потврдуваат и податоците на бритнаските комуналните служби. Оттаму велат дека во последните две недели количината на отпад од домаќинствата е зголемена за 30%. Зголемувањето, велат, се должи на неискористена храна на која ѝ е поминат рокот на траење, од која добар дел сѐ уште е спакувана во оригиналната амбалажа. Што впрочем најдобро се гледа од фотографиите:

 

- Реклама -