Бесконечната слобода на филмот – Trn.mk

Со проекцијата на краткометражниот филм „Имиња“ на Јане Спасов како дел од регионалната програма, вечерва ќе биде отворено осмото издание на фестивалот за краток филм „Drim Short“, кое годинава се одржува од 8 до 11 август во Струга под мотото „Бесконечна слобода“. Оваа година фестивалот е за оние кои измислуваат нови универзуми и за оние кои патуваат низ нив, за оние кои веруваат и за оние кои не веруваат.

Во првиот фестивалски ден ќе бидат прикажани и проекциите на филмовите „Тhe Masterpiece“ на Аlex Lora Cercos, „The Watchman“ на All Cherri, како и проекциите на филмовите на домашните автори Елеонора Венинова „Прошетка“ и „Кутии“ на Ангела Димеска. Вечерта ќе заврши со настап на Фолтин.

Вториот фестивалски ден ќе започне со разговор со селекторот Иван Бакрач во Europe House Струга. Во VIP Movie Сorner ќе биде прикажан филмот „Моuntain, Fountain River“ на Charlie Brown. На летната сцена на Центарот за култура Марко Цепенков, од 20.30 ќе бидат прикажани филмови од Регионалната и Интернаионалната програма како и филмови од Програмата македонски автори и од категоријата Dealing with the past. Во исто време во Паркот на поезијата во Струга ќе бидат прикажани филмови од студентската селекција меѓу кои е и филмот „Тага“ на Тина Величковска.

Во сабота, третиот фестивалски ден продолжува со Мастеркласот „Предизвици во филмската продукција“ на Ено Милкани, во Europe House Струга, a во VIP Movie Corner ќе биде прикажан филмот „Oniero“ на Милош Тасиќ. На летната сцена на Центарот за култура Марко Цепенков ќе бидат прикажани филмовите од Регионалната програма: „This is not a place for you“ на Ceyda Asar, „Duck Roast“ на Jelica Jernic и „2070“ на Basil De Cunha во Интернационалната програма. Во категоријата Dealing with the past ќе се прикаже филмот „The Velevt City“ на Natalie Cubides, и филмот „March 8 2020: a Memoir“ на Furat Yucel. Во Специјалната програма за македоснки автори ќе бидат прикажани: „Eight days of the week“ на Sabedin Selmani i Berat Asani i „Cell9“ на Jovan Sarkanjac. Во Паркот на поезијата во Струга ќе бидат прикажани филмови од студентската селекција „Moon“ на Paul Mansach и „Into the Eild Land“ на Emil Kaschka, како и „The flower darkness“ на Philippe Berthelet.

Последниот фестивалски ден ќе започне со VIP Movie corner каде ќе биде прикажан филмот „Pitched Together“ на Diego Bonilla. На летната сцена на Центарот за култура Марко Цепенков ќе бидат прикажан филмоt на Ѓорче Ставрески- „Дали си маж“, како дел од регионалната програма. Во Интернационалната програма ќе биде прикажан филмот „A short trip“ на Erenik Beqiri. Во категоријата Dealing with the past ќе се прикаже филмот на Bojan Stojkik „Hope Hotel Phantom“ .

По проекциите ќе следува официјалната церемонија на доделување на наградите и музичката програма со ISKRA.

Овогодинештот жири на фестивалот го сочинуваат Наташа Петровиќ, Атанас Атанасовски, Трифун Ситниковски и Ено Милкани.

„Слободата е болест што не се лекува. А филмот е една бесконечност од светови, фантазии и имагинации, во кои слободата не завршува онаму каде што почнува слободата на другиот. Денес кога реалниот свет е посуров од филмската фикција, тогаш бесконечноста е нашиот придонес кон слободата“ велат организаторите на „Drim Short 2024“.

- Реклама -