Беса: Формулацијата „20 проценти“ е навредлива за нас, и пописот покажа дека сме повеќе

Формулацијата „јазик што го зборуваат над 20 отсто од населението“ треба да се укине од Уставот и наместо неа да стои само „албански јазик“, порача градоначалникот на Општина Желино и функционер на Движењето Беса, Блерим Сејдиу, на денешната прес-конференција.

„Нашиот став е дека треба да се укине ’20 отсто’ од Уставот на Република Северна Македонија, затоа што тоа е навредливо за нас како народ, од причина што и од резултатите од последниот попис покажуваат дека сме повеќе. За овој став ќе продолжиме со нашите сили во Собранието да бараме да се укине формулацијата 20 проценти“, рече Сејдиу.

На новинарско прашање кога ќе се реализира тоа, Сејдиу одговори дека тоа би се случило во моментот кога ќе се отвори Уставот со цел да се вметнат Бугарите во него.

Прочитајте и:  ВЛЕН: Се залагаме за целосно официјализирање на албанскиот јазик
- Реклама -