Берово – совршенство за бегство во природа и рај за сите гурмани

Берово е еден од најубавите градови во земјава. Тука можете да се насладите на се, од величествената природа на беровското езеро и шумата, до архитектурата на градот и највкусната кујна.

Како го добило Берово своето име?

За тоа како го добило Берово своето име, постојат две верзии. Според првата, тоа го добило своето име по името на некој си сточар Беро. Аргумент за ова е постоењето на таканаречената Берова ливада, во атарот меѓу селата Мачево и Робово, за која се смета дека му припаѓала на овој сточар. Според втората верзија која е поверојатна името Берово произлегло од тоа што луѓето се береле(се собирале) на тоа место. Се поставува прашањето од каде се берело населението. Па од старите населби во месноста Туртела, Селцаа, Рибница,Раздоло, Клепало, Добри Лаки и други, а подоцна и од другите Малешевски села.

1024px-Museum_in_Berovo

Локации

Ако се прашувате каде можете да се прошетате доколку престојувате во Берово има по нешто за сите. Доколку сте љубител на чистиот воздух не заборавајте да направите обиколка околу беровскиот бисер – прекрасното езеро, кое е недалеку од градот околу 15 минути со автомобил и уште толку пеш. Ќе бидете фасцинирани од тишината и спокојот кои ќе ви ги овозможи една ваква прошетка.

6399667639_f999bda98d_z

10881638_10202620659312338_3322501638192531485_n

Потоа можете да заминете на кафе во најблискиот хотел, или да се спуштите во разгледување на женскиот манастир и да останете во негова непосредна близина за да пробате беровско сирење. За малкумина е познато дека оној кој пробал од ова сирење, повторно се вратил за да го вкуси. Дури и Франција на големо увезува од него за да ја збогати својата светки позната кујна.

zelnik_large

Тука се и вкусните кафеани каде што се служи совршена скара по пристапни цени, како и кафулиња со шмек на топлината на градот и топлиот пречек на Беровчани.

Туризам и живот

За жал Берово е еден од градовите од истокот кој што трпи голем одлив. Како што раскажуваат и самите жители на градот се повеќе млади луѓе се селат во Скопје или во странство поради недостиг од работа и финансии.

800px-Square_in_Berovo

Берово има огромен потенцијал да се претвори во нашето Банско (каде ние најмногу заминуваме во текот на зимата) и е идеална дестинација во која може да се создаде голем туризам и да се привлечат инвестиции, затоа што тука навистина има што да се види и да се ужива во магијата.

- Реклама -