Маја Мојсова Мијовска и нејзиното семејство благодарение на Бимилк, минатиот месец отпатуваа за Берлин каде што ја посетија светски познатата Берлинска Зоолошка Градина.
Со ова патување на најсреќните добитници, официјално завршија „Авантурите на Битолското чупе“, големата наградна игра со која Бимилк донесе среќа на многумина кои учествуваа.
‘‘Берлин е навистина волшебен град и сме неизмерно благодарни на Бимилк и нашето омилено млеко што ни овозможија да ја почувствуваме неговата магија. Зоолошката градина во Берлин е најпосетената во Европа и една од најпознатите во светот и беше прекрасно искуство да уживаме во неа. Видовме многу ретки животни, а она што особено не воодушеви беше нивната слобода на движење и широчината на просторот. Едноставно човек може цел ден да го помине таму и во ниеден момент да не му стане здодевно. Сега нашите чувства се поделени, бидејќи сме тажни што нашата Авантура со Битолското чупе заврши, но истовремено сме пресреќни и преполни со нови доживувања и впечатоци.‘‘ – изјави Маја Мојсова Мијовска.
На почеток на летово во Битола беа извлечени многуте среќни добитници од големата наградна игра на Бимилк и брендот Битолско млеко со 10 витамини. Добитниците се радуваа на вкупно 566 награди, меѓу кои покрај Наградното патување имаше и 15 плеј стејшни, 50 ваучери во вредност од 3.000 денари и 500 Бимилк производи.
Битолското чупе и Бимилк и понатаму ќе продолжат со cвојата мисија – да носат радост и незаборавни искуства за сите, на оригинален, креативен и забавен начин.
За повеќе информации за „Бимилк“ посетете ја нивната веб страна: www.bimilk.mk или Фејсбук страната на Бимилк.
Текстот е спонзориран