Малото градче Митенвалд во источна Германија би можел да стане еден од најбогатите градови во светот ако Берлин го плати својот долг од 1562 година.
Сертификат за долгот бил најден во регионална архива и според него Берлин позајмил 400 гилдери на 28 мај 1562 година кои требало да бидат вратени со годишна камата од шест проценти. Според Радио Берлин Брандербург (RBB), долгот денес би бил околу 11.200 гилдери што е околу 112 милиони евра.
По подесувањето за инфлација вкупниот долг е поблиску до неколку трилиони, според проценката на RBB. Градскиот историчар Вера Шмит го открила сертификатот за долг стар неколку векови во архивата каде што бил архивиран во 1963. Иако на документот нема официјален печат Шмит за Reuters изјавила дека е сигурна дека тој е валиден.
„Во 1893 година имаше дебата во која документот беше анализиран и тој беше оценет како автентичен“ изјавила Шмит. Таа и градоначалникот на Митенвалд, Уве Фајфер, се обиделе да ги побараат парите од Берлин. Митенвалд го прави барањето на секои 50 години уште од 1820 година, но без никаков резултат.
Исплаќањето на долгот би значел неверојатно богатство за Митенвалд, град кој во средниот век бил центар на моќ но денес има само 8800 жители. Градскиот центар е полн со рушевини од тврдини направени од црвени цигли. Градската црква изградена во Романтизмот порано била седиште на Пол Герхард, еден од најпознатите германски писатели на химни.
Герхард, кој живеел таму во седумнаесетиот век е единствениот познат жител на Митенвалд до денес. Шмит и Фајфер се сретнале со берлинскиот финансиски сенатор, Улрих Нусбаум, кој церемонијално им дал историски гилдер од 1539 година. Гилдерот бил поставен на привремена изложба во музејот во Митенвалд.
„Оваа изложба е доказ дека долговите ќе те стигнат, без оглед колку се стари“ изјавил Нусбаум за весникот Berliner Zeitung. Германскиот главен град има големи проблеми со долгови и би имал тешкотии да го исплати долгот кон Митенвалд. Според извештај на финансиската администрација на сенатот од минатиот месец, Берлин веќе има долгови од речиси 63 милиони евра. [Berlin may owe trillions from 450-year-old debt… may]