Берлин и Лондон решаваат за воената интервенција во Сирија

Клучна дебата и гласање за воена интервенција во конфликтот во Сирија ќе се одржи во парламентите на Германија и Велика Британија денес.

Владите на двете земји го поставија прашањето за зголемување на посветеноста во борбата против “Исламска држава” по терористичките напади во Париз на 13 ноември.

berlin

Британските пратеници ќе дебатираат за повеќе од 10 часа пред да гласаат дали да се вклучат во воздушните напади против целите на ИД во Сирија.

Велика Британија веќе учествува во коалицијата против терористите, но со ограничен опсег на бомбардирање, со тоа што нејзините цели се локализирани целосно во Ирак.

Премиерот Дејвид Камерон, кој го посети Франсоа Оланд по нападите во Париз, инсистира за проширување на воената интервенција.

Според него тоа е потребно за спротивставување на самата закана која ИД ја става против нивната земја и  начинот на живот”.

Камерон изјави дека Велика Британија “треба да преземе мерки за да се заштити од тероризмот, кој удри по улиците на Париз”.

Раководството на опозициската Лабуристичка партија се изјасни против планот на Камерон, но неколку десетици нејзини членови го поддржуваат барањето и групата нема да гласа ан блок. Се очекува проектот на Владата да биде одобрен.

Германските пратеници исто така ќе разговараат воената интервенција со испраќање на високотехнолошки разузнавачки авиони над Сирија и северен Ирак, кои ќе им помогнат на коалициските сили да се позиционираат подобро на нападите.

Мерката веројатно ќе биде одобрена со големо мнозинство, со оглед на тоа што само две од помалите парламентарни сили се изјаснија против предлогот на кабинетот на Меркел.

Германија веќе се обврзаа за зголемување на поддршката за француските вооружени сили, вклучително и преку јакнење на обуката за воена мисија во северен Ирак.

Берлин не беше досега вклучен со учество во воздушните напади, бидејќи уставот на земјата го забранува нејзиното учество во воени дејствија на туѓа територија.

- Реклама -