Бербок повика Иран да се стави во изолација за да се спречи дополнителна ескалација

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, денеска повика на построг став кон Техеран по иранскиот беспилотен и ракетен напад врз Израел, истовремено повикувајќи да не се дозволи конфликтот да се прошири, јави ДПА.

-Иран мора да биде изолиран и истовремено да нема дополнителна ескалација, рече таа на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 на италијанскиот остров Капри.

„Секако дека треба да има одговор на овој инцидент без преседан“, но натамошната ескалација може да биде „фатална за луѓето: во Израел, на Западниот Брег, во Либан, во целиот регион“, додаде Бербок.

-Израел покажа дека може да се брани заедно со своите сојузници и постигна „одбранбена победа“, рече министерката.

Прочитајте и:  ХРВ: Принудното раселување на населението од Појасот Газа е воено злосторство

Во меѓувреме, нејзиниот италијански колега Антонио Тајани, во името на Г7, го увери Израел во нивната поддршка: „Ние сме пријатели на Израел. Ние го поддржуваме Израел“, кажа тој.

- Реклама -