„Бентли“ ги преплаши граѓаните дивеејќи на скопскиот плоштад, МВР го фати „Бурим Харачина“ кој отворено се пофали на „Тик Ток“ (ВИДЕО)

Видео од дивеење на плоштадот „Македонија“ ги разгори социјалните мрежи, предизвикувајќи гнев, но и загриженост за безбедноста на граѓаните.

Како што може да се види од снимката, автомобил марка „Бентли“ со голема брзина прелетува под новогодишниот декоративен тунел кој е атракција токму за граѓаните кои го посетуваат плоштадот за да ја почувствуваат новогодишната атмосфера. Додека возачот на „Бентли“-то нагазува, пешаците, исплашени, панично се тргаат од патот, се гледа од видеото.

Како што пренесе „А1он“, видеото е објавено на социјалната мрежа „Тик Ток“, од профил со име „Бурим Харачина“.

Иако порталот посочи дека во меѓувреме видеото е острането (всушност беше означено како „приватно“), оригиналното видео не само што повторно е достапно, туку околу 19 часот и 30 минути се појави и ново, на кое извесно машко лице (веројатно сопственикот на профилот) вози… погодувате… Бентли. На профилната слика, патем, делумно се гледа и неговата регистарска табличка.

15-тина минути подоцна, МВР на Фејсбук соопшти дека возачот е фатен, а се работи за Б.А. од скопско Арачиново. Според Министерството, тој бил пронајден и санкциониран околу 19 часот (што алудира дека Бурим второто видео го објавил откако бил фатен??).

Од МВР порачуваат дека и во наредниот период најостро ќе ги санкционираат сите кои ќе го нарушат јавниот ред и мир и ќе ја загрозат безбедноста на граѓаните.

@burimharacina♬ suono originale – Eliona Pergjoni

Принтскрин (цензуриран)
Принтскрин (цензуриран)
Принтскрин
- Реклама -